Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините.
Според EMSC, земјотресот се случил на 223 километри источно од градот Бутуан, пет минути по полноќ по локално време.
Филипините во последните денови често беа погодени од силни земјотреси. Така, на 2 декември таа земја ја погоди земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а ден подоцна и земјотрес од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Само два дена потоа, на 5 декември се случи земјотрес од 5,6 степени.