Фицо тешко ќе состави влада, коментираат аналитичарите

Од:

Словачкиот претседател на социјалдемократите (СМЕР-СД) и актуелен премиер Роберт Фицо кој доби мандат за формирање нова влада по изборите во саботата најверојатно нема да успее да го состави новиот Кабинет, пишуваат словачките медиуми. 

Како што јави дописникот на МИА, соработката со Фицо, кој го загуби мнозинството во Собранието го отфрлија поголем дел од парламентарните партии кои освоија пратенички места.
Денеска Фицо разговараше со шефот на националистичката Словачката национална партија (СнС) Андреј Данке, кој како единствен лидер не го исклучи коалицирањето со досегашната владејачка партија.

– Се договоривме со претседателот доверувањето на мандатот да биде на располагање до идниот петок, со тоа што ако се покажат други околности, секако никој нема интерес тоа да го одолжува, рече Фицо пред новинарите по средбата со претседателот на државата Андреј Киска.
Тој додаде дека нема многу алтернативи, но дека ќе се обиде со сите сили и искуство да најде решение.

Според портпаролката на партијата на Фицо, тој ги повикал на средба и претставниците на партиите Мост- Хид и Мрежа ко тие двајцата ја одбиле понудата.

Социјалдемократите и СнС го немаат потребното мнозинство во Парламентот и им недостасуваат уште 12 пратеници.

Овие две партии заедно со Народната партија- Движење за демократска Словачка (ЛС-ХЗДС) коалицираа од 2006-2010 година.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Гашпар: Фицо нема да отпатува во петок во Киев

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Фицо: Словачка ќе губи 500 милиони евра годишно поради прекинот на транзитот на рускиот гас

Зеленски бесен поради средбата на Фицо со Путин: Колку те плаќа?

Предраг Петровиќ