Фицо: Суспендирањето на испораките на руски гас ќе ја чини Европа 120 милијарди евра

Од:

Суспендирањето на испораките на руски гас преку Украина ќе ја чини Европа 120 милијарди евра во периодот 2025-2026 година, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

Оваа одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја чини ЕУ околу 50 милијарди евра гас и уште 70 милијарди електрична енергија произведена од гас, рече Фицо во видео пораката објавена на социјалните мрежи, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Европа на тој начин ќе плати неверојатни 120 милијарди евра поради прекинот на испораката на рускиот гас преку Украина, а потоа понатаму преку Словачка до другите европски земји.

Според него, тоа ќе доведе до скок на цената на бензинот во Европа, што дополнително ќе ја ослабне европската економија.

Би можело да ве интересира

Фицо со писмо до ЕУ: Прифаќањето на одлуката на Зеленски за гасот е ирационална и погрешна

А1он

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на словачкиот премиер да отвори нов фронт“

Катерина Ѓуровски

Фицо добил писмо со куршум

Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи

Орбан: И Трамп и Фицо беа нападнати затоа што се противат на војната

Катерина Ѓуровски

Роберт Фицо пуштен на домашно лекување