„Фејсбук“ казнет со два милиони евра поради говор на омраза

Од:

Германските власти го казнија „Фејсбук“ со два милиони евра, согласно законот кој се бори против говор на омраза.

Федералната канцеларија за правда соопшти денеска дека „Фејсбук“ не ги исполнил барањата за транспарентност при решавање на поплаки за говор на омраза.

Извештајот на таа социјална мрежа за првата половина на 2018 година не го одразува вистинскиот број жалби на сомнителни незаконски содржини, што во Германија подразбира и антисемитски навреди и материјали наменети за поттикнување омраза кон лица или групи, врз основа на нивната религиска или етничка припадност.

Федералната канцеларија посочи и дека постојат нецелосни информации за јазичките вештини и обуката на персоналот задолжен за обработка на жалбите за говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он