БТА – Софија (преземено од Франс прес)
– Мојот стремеж не е сите да ме сакаат, туку секогаш да го направам најдобриот избор, рече Италијанката Федерика Могерини. Таа има непобитна претстава за своите задачи како главен претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, и демонстрира тврда решителност „да гради вистинска заеднича политика“.
– Ме прашувате дали сум шеф на европската дипломатија. Всушност, јас сум нешто и повеќе од тоа, тврди таа со насмевка и објаснува: „Знам дека звучи изненадувачки, но така пишува во договорите – Европската унија е создадена за да биде суперсила“.
– ЕУ ги има сите неопходни инструменти за да ја игра таа улога, а според мене и политичка воља за да ги искористи. Треба да се ослободиме од досегашната нерешителност, да поверуваме во своите способности. Нени треба дозвола за да дејствуваме“, додава Могерини.
Оценувајќи го опсегот на нејзините амбиции, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, секогаш ја зема со себе на меѓунардоните средби. По дебатите во Европскиот парламент, таа замина во средата за Брисел за да присуствува на разговорите со Махмуд Абас, претседателот на палестинските автномни власти.
За 100 дена на оваа позиција, Федерика Могерини се наметна како еден од главните играчи во комисијата покрај својата колешка од Данска, Маргрете Вестагер, која е одговорна за конкуренцијата во унијата, и швеѓанката Сесилија Малстром, еврокомесар за трговија. Таа посебно се истакна во врска со конфликтот во Украина и со својот стил на трезвено размислување и женственост.
Но таа има сериозни противници со кои треба да се соочува. Нејзиното назначување не мина без проблеми. Во шесте месеци додека ја водеше италијанската дипломатија, 41-годишната Могерини беше критикувана дека и недостасува искуство. Што е полошо, редица држави се изјаснија против нејзината кандидатура, а претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, дури и ја обвини за „прокремаљска“ наклонетост.
„Прилично моќен карактер“
Последната непријатна кампања против замислената од неа нова стратегија кон Русија, предизвика напади како обид за свиткување пред Москва.
-Многу лаги се изнакажаа околу тој документ кој истече, рече со жалење Могерини. И додаде: „Од Медлин Олбрајт (поранешниот државен секретар на САД) научив колку е тежок секој почеток и колку силна треба да бидам“.
– Таа ми рече: тешкотиите не се важни, треба да осознаеш дека не е најважно сите да те сакаат, туку секогаш да го правиш најдобриот избор, потенцираше шефицата на европската дипломатија. „Решив тој свет за мене да стане линија на однесување“,додаде таа.
Федерика Могерини смета дека целосно ги извршува задолженијата повразни во едно: и како дипломат број еден на ЕУ и заменик претседател на Европската комисија. Таа решила да ја напушти зградата на дипломатската служба, каде беше сместена нејзината претходничка Кетрин Ештон, и да ја пренесе својата канцеларија во седиштето на комисијата. Учествува на сите состаноци на колегиумот и да и кородинира работите на други еврокомесари кои се дел од нејзините компетенции.
-Таа е далеку поактивна од Ештон, потенцира европски дипломат и додава дека Могерини „во спор лесно не се предава, напротив – доста е моќна“. Според него, „таа е вредна, енергична, со сопствени ставови и така го компензира недостигот на искуство“.
Од нејзниот работен план ќе ви се сврти во главата. Откако учествуваше на Минхенската конференција за безбедност на крајот од минатата недела, таа пак се врати во Брисел, а потоа во вторникот и за Стразбур, во врска со дебатите во Европскиот парламент. „Во следните денови и претстои посета на Тунис, а потоа и на Шпанија пред да отпатува на 18 февруари за Вашингтон, каде ќе учествува на средбата на врвот за борбата против „бруталниот екстремизам“ – форум органзииран од претседателот на САД, Барак Обама.