ФЕБА: Европските институции повеќе да им помогнт на загрозените групи

Од:

Европската федерација на банки за храна (ФЕБА) ги повика европските институции и националните влади да дадат силен сигнал за солидарност до европските граѓани, особено ранливите групи, со зголемување на обезбедувањето храна и основни материјали за време на пандемијата на Ковид – 19.

Тие ги повикаа европските институции и националните влади да овозможат непречено движење на нивните волонтери, на возраст од 18 до 64 години, кои работат во граѓански организации.

„Поддршката на волонтерите привлекува внимание на маргинализираниот сегмент на општеството, кој веќе се соочува со големи социјални и здравствени ризици: доколку не им се помогне, нивната состојба може да се влоши и тие може да имаат чувство на напуштање како граѓани од втора класа“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на ФЕБА, Жак Ванденшрик.

Тие ги повикуваат корпорациите да градат партнерства со цивилниот сектор и со заеднички сили да се надмине оваа состојба, со собирање храна, финансиска помош, размена на искуства и да се дојде до заеднички иновативни решенија.

ФЕБА потсетува дека помладата популација е помалку изложена на ризик и ја повикуваат да даде поддршка на дневните активности на Банките за храна со собирање, складирање и доставување храна на оние кои имаат потреба.

Исто така, побараа помош за транспортни возила и основни материјали, како што се средства за дезинфекција, изотермални кутии, картонски кутии, ракавици и маски за еднократна употреба за да ги извршуваат своите активности безбедно.

Би можело да ве интересира

Велика Британија ќе започне со имунизација со вакцината на Оксфорд во јануари

Ана Ололовска

Хрватска 2421, Романија 3855, Италија над 21.000 новозаболени од Ковид 19

Предраг Петровиќ

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Предраг Петровиќ

Борисов: Луѓето во Бугарија не чувствуваат дека се во пандемија, полицијата напаѓана со жестокост

Предраг Петровиќ

СЗО: Маската не е доволна за заштита од Ковид-19

Предраг Петровиќ

По зголемување, сега се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија