ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Од:

Управата за храна и лекови на САД (ФДА) денеска ги одобри за употреба новите засилувачки вакцини на Фајзер и Модерна за ревакцинација од Ковид-19, способни за заштитат од сојот Омикрон БА.4 и БА.5.

ФДА одобри вакцините да се примаат не порано од два месеца по последната вакцинација. Период што е пократок од претходно препорачаните интервали.

Обновената вакцина на Модерна е одобрена за лицата постари од 18 години, додека на Фајзер ќе биде достапна за лицата на 12 години возраст, се наведува во соопштението на ФДА.

– Затоа што доаѓа есен и се повеќе време поминуваме во затворени простории, препорачуваме сите кои се во тие категории да ја разгледаат можноста за примање на дополнителна доза на вакцина, за да се обезбеди подобра заштита од актуелните се уште циркулирачки соеви, изјави претставникот на ФДА, Роберт Калиф.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он

Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид-19

А1он