ФБИ истражува дали некој му помогнал на осомничениот за нападот во Њу Орлеанс

Од:

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) објави дека истражува дали некој му помогнал на осомничениот Шамсуд Дин Бахар Џабар, кој со пикап влета во толпата која ја славеше новогодишната ноќ во Њу Орлеанс. ФБИ соопшти дека оружјето што Џабар го користел за да пука во полицијата како и рачно изработени експлозивни направи, се пронајдени во пикапот што тој го возел.

Во соопштението се наведува и дека „други потенцијални импровизирани експлозивни направи се лоцирани во Францускиот кварт во Њу Орлеанс, каде што се случи нападот.

Сомнежот за постоење на потенцијални експлозивни направи се појави во врска со содржината пронајдена во возилото со кое Џабар влета во толпа луѓе, при што загинаа десет лица, а рани најмалку 36 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Горан Наумовски

Оружен инцидент во средно училиште во Далас, ранет е ученик во нога

Горан Наумовски

Болнички работник нападнал колега на паркинг, го застрелал двапати

(ВИДЕО) Пукање во болница во Америка, вооружен маж е во бегство

Мисисипи: Заменикот на шерифот убиен при полициска интервенција во Џексон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во складиште во САД: Неколку се повредени, напаѓачот е во бегство