Американското Федерално истражувачко биро (ФБИ) во 2009-та година барал од „Гугл“ приватни информации за повеќе од илјади корисници на годишно ниво, соопштија денес од „Гугл“.
Во својот извештај „Трансперенси репорт“, „Гугл“ навел дека од ФБИ годишно добиал околу илјада национални безбедносни барања за доставување на податоци за околу 3 илјади луѓе, пишува „Русија денес“. Овие барања обврзувале обелодување на име, адреса и честоста на користење на услугите на „Гугл“ за истражувачки цели на американската влада.
„Гугл“ истакна дека американската агенција има право да бара такви податоци, но не дозвола за увид во нивните електронски пошти, видео материјалот кој го гледаат на Јутуб, ниту нивната Ај-Пи адреса. Минатата година, сервисот добил од различни влади и полиции вкупно 42,327 барања за лични податоци, а најмногу од американската влада и тоа околу 16,407.
Покрај интернет пребарувачот, ФБИ може да испрати барања и кредитни компании и финансиски институции, но за откривање на приватни податоци потребно им е судски налог.