Фарел: Фуере нема никаква позиција во Ирското претседателство со ЕУ

Од:

Поранешниот амбасадор на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, нема да има никаква позиција во Ирското претседателство со ЕУ. Ова за дописникот на МИА од Брисел денеска го потврди Деирдри Фарел, портпарол на Ирското претседателство, по шпекулациите во македонската јавност дека некогашниот ЕУ-амбасадор би одлучувал за некои работи за време на шестмесечниот период од ирското водење на Унијата, па дури и дека би бил задолжен за процесот на проширувањето на Унијата.

– Можам да потврдам дека Фуере нема никаква улога во Ирското претседателство со ЕУ. Тој е поранешен претставник на ирската Влада при ОБСЕ, но тој негов ангажман заврши пред една година. Друг ангажман, засега, не е предвидено да има, а посебно не во рамки на нашето претседателствување со Унијата – ни изјави портпаролката Фарел.

Како што е познато, за време на својот мандат во Скопје како претставник на ЕУ, Фуере не остави добар впечаток кај македонската јавност поради неговите блиски врски со претставниците на опозицијата што ги надминуваа границите на дипломатски однос, но и неговото редовно негативно известување за нашата земја во Брисел.

Од таа причина, заминувањето на Ирецот од челното место во претставништвото на ЕУ во Македонија донесе корист за двете страни и оттогаш, официјалните македонски власти и челниците на ЕУ имаат одличен однос што и се рефлектираше во последниот извештај на Европската комисија кој беше најпозитивен за нашата земја.

А, освен извесни медиуми и опозициски кругови во Македонија, на ангажман на Фуере поврзан со проширувањето на Унијата за време на претседателството на неговата земја со ЕУ, се надеваше и официјална Атина, каде се надеваа на негова помош за назадување на македонската интеграција во “големото европско друштво”.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он