Европскиот парламент бара разрешување на Фон дер Лајен

Од:

Членовите на Европскиот парламент денес разговараа за можно гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Иницијативата ја покренаа политичките групи „Патриоти за Европа“ и „Левица“, осврнувајќи се на бројни критики во врска со надворешната политика, трговските договори и миграцијата.

Европратеникот Џордан Бардела, лидер на „Патриоти за Европа“, ја обвини Фон дер Лајен за „трговско предавање на Европа“, истакнувајќи дека договорите со САД се симболи на падот на ЕУ под нејзино водство.

– Се откажуваме од сопствените интереси. Нашите работни места, земјоделството и индустријата се жртвувани во корист на конкурентите – рече Бардела, додавајќи дека буџетот на ЕУ е зголемен за 86 проценти, додека граѓаните го стегаат ременот.

Манон Обри од Левица остро ја критикуваше претседателката на ЕК за нејзината политика кон Газа, обвинувајќи ја дека „го жртвува цивилното население заради трговски интереси“.

– Капитулиравте пред Трамп, потпишавте штетен трговски договор и отворивте врата за опасни пестициди. Луѓето страдаат поради мерките за штедење, а вие имате пари за тенкови, но не и за болници – рече Обри.

Според неа, дури 60 проценти од граѓаните на ЕУ сакаат Фон дер Лајен да ја напушти Комисијата.

Во своето обраќање, Урсула фон дер Лајен предупреди дека светот во моментов е во еден од најопасните моменти, повикувајќи на зачувување на единството во рамките на ЕУ.

– Се соочуваме со закани однадвор, но и одвнатре. Мора да ја заштитиме демократијата, безбедноста, конкурентноста и работните места – нагласи таа.

Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека користи дезинформации и внатрешни поделби за да ја ослабне Европската Унија.

– Тоа е стар трик и не смееме да се потпреме на него – предупреди претседателката на Комисијата.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен повика на промена на режимот во Иран: Итно е потребна веродостојна транзиција

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Вашата борба нема да биде заборавена

А1он

Фон дер Лајен: Еден за сите, сите за еден – тоа е она што претставува Европа

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски