Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

Од:

Европските земји би можеле да испратат војници во Украина со цел да се почитува евентуалниот прекин на огнот, изјави за „АНСА“ новата шефица на европската дипломатија Каја Калас.

„До денес се разговараше кои земји се подготвени да испратат своја војска во Украина. Мислам дека ништо не треба да се исклучува и да се дозволат нејаснотии во стратешките прашања“, посочи Калас.

Според нејзиното мислење, Европската унија може да учествува во одржувањето на примирјето во Украина со испраќање на своите вооружени сили во таа земја.

Таа смета дека Европа треба да „игра важна улога“ во случајот на договорот за прекин на огнот, кој би можел да вклучи испраќање војници за следење на неговото почитување.

„Во секој случај, Украина треба да одлучи“, додаде таа.

Како што наведе таа, соодветно е САД, со чијашто идна администрација „веќе се градат мостови“, да ја поддржат Украина, бидејќи „победата на Москва ќе ги зајакне Кина, Иран и Северна Кореја, кои веќе дејствуваат заедно“.

Руското Министерство за одбрана на Русија редовно известува за уништување на платеници од САД, Велика Британија, Грузија, Полска, Франција, Германија и други земји и ги наведува местата каде што се концентрирани странците кои се борат на страната на Киев.

Според претходните податоци од тој оддел, за време на конфликтот во Украина пристигнале вкупно повеќе од 13 илјади странски платеници за да учествуваат во борбите на страната на режимот во Киев, но околу 6 илјади милитанти се веќе елиминирани.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Во интерес на ЕУ е Западен Балкан да биде со нас

А1он

Калас: ЕК ги постави правните основи за формирање на Трибунал за војната во Украина