Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Од:

Европската Комисија планира санкции против околу 40 компании чии бродови наводно испорачуваат оружје од Северна Кореја во Русија и чии товарни бродови, таканаречените „флоти во сенка“, транспортираат руска нафта надвор од зоната каде што земјите од Г7 воведуваат ценовни ограничувања за неа, пишува Ројтерс повикувајќи се на извори во ЕУ.

Доколку се усвојат предложените санкции, тоа ќе биде 14-ти пакет санкции на ЕУ против Москва од почетокот на војната, а ќе бидат вклучени руски компании кои снабдуваат оружје на државата и странски компании кои на Русија и продале електроника, полупроводници и чипови што ги користи руската војска. Тие странски компании од Обединетите Арапски Емирати, Киргистан, Турција и Кина продаваа опрема на Русија со потекло од Америка и ЕУ.

Извори од ЕУ за Ројтерс изјавија дека ЕК одржува неформални разговори за новиот пакет санкции пред да го претстави пред Европскиот совет. Америка во февруари објави дека Северна Кореја испорачала повеќе од 10.000 контејнери со муниција од септември минатата година.

Би можело да ве интересира

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мерсие: ЕК работи на исплата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан

Рокас: Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа

Горан Наумовски

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен