Еврокомесарот Аврамопулос ги повика сите држави да ја преземат одговорноста за бегалската криза

Од:

Еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и граѓанство Димитрис Аврамопулос ги повика сите држави да преземат своја одговорност за решавањето на бегалскиот проблем.

– Бегалската криза е светски предизвик, поради што е потребен светски одговор, изјави Аврамопулос за Би-Би-Си.

Тој додаде дека САД ќе прифатат 100 илјади бегалци во следните две години и 10 илјади Сиријци оваа година. На ист начин, според него ќе постапат и Канада и Австралија.

– Миграцијата се претвори во најголем проблем не само во Европа туку и во целиот свет, додаде тој.

Во врска со средбата на врвот што ќе се одржи во Малта во ноември, тој нагласи дека за првпат на една маса ќе седнат шефовите на држави од кои доаѓаат и преминуваат бегалците и кои се бегалски дестинации.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ