Руската армија помогна при евакуацијата на околу 8.400 жители од поплавените зони во источниот дел на земјата.
Армијата поставила мостови на реките Каменушка и Тинда, соопшти Министерството за одбрана.
Претходно, Министерството за здраство наведе дека повеќе од 3.000 луѓе побарале медицинска помош по поплавите.
Поголемиот број на пациенти побарале медицинска помош поради хроничните болести и полесни повреди. Вкупно 37.145 луѓе, од кои 10.065 деца биле прегледани на терен.
Нивото на реката Амур во источна Русија расте од крајот на минатиот месец, а во одредеи делови измерени се 50,62 сантиметри што е рекорд од 1984 година.