Евакуирана главната Железничка станица во Виена поради закана за поставена бомба

Од:

Австриската полиција попладнево ја евакуираше главната Железничка станица во Виена, а весникот „Куриер“ пишува дека станува збор за закана за поставена бомба.

„Имаме неколку полицајци на лице место и ја разјаснуваме ситуацијата. Избегнувајте непотребен престој во кругот на Железничката станица“, објави полицијата на мрежата Икс.

Железничкиот сообраќај е во прекин, а поради инцидентот се сменети и трасите на неколку автобуси.

Минатата година Австрија претрпе серија лажни закани за бомби поради кои главните железнички станици беа привремено затворени, предизвикувајќи доцнење на железничките услуги во неколку наврати.

Би можело да ве интересира

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска

И Македонец меѓу жртвите на нападот во Виена

Ана Ололовска

Османи и Димитров со осуда за терористичкиот напад во Виена

Ана Ололовска

Австриската полиција побарала од МВР информации за убиениот напаѓач со македонско потекло

Маја Илиевска-Пачемска