Европската комисија одлучи да воведе ред во повеќе од 30 агенции, канцеларии, служби и фондација на ЕУ од кои во неколку имаше скандали поради конфликти или слаба управа, јавуваат бриселски медиуми.
Комисијата усвои мапа за унапредување на фикасноста, одговорноста, когерентноста и транспарентноста како и за подобра управа во тие децентрализирани органи на ЕУ кои во 2012 година од буџетот на Унијата добиле 750 милиони евра.
Исто така, Комисијата постави темели за намалување на бројот на агенциите, било со спојување или затворање на одделни од нив.
Цел на предложените реформи е да се зголеми ефикасноста и одговорноста на агенциите во кои се вработени околу 7.000 луѓе и уште околу 5.000 врз база на привремени договори.
– Не станува збор само за заштеда. Документот содржи низа мерки за унапредување на перфонасите и управата во нашите агенции. Тоа ќе им помогне да спроведат политика на ЕУ подобра отколку што е сега, изјави Марош Шефчович, европски комесар за односи меѓу институциите.
Агенциите на кои им следи реформа се разликуваат од извршните агенции на ЕК кои се директно одговорни за Комисијата.
Децентрилизираните агенции (32) одговорни се пред своите УО, Советот на министри и ЕП. Очекувањата се дека програмата за реформи ќе наиде на отпор во некои членки на ЕУ, кои веројатно ќе штитат агенции на своја територија како и на националните делегации во Парламентот.
Дел од реформите за кои е одговорна ЕК треба да завршат до крајот на 2014 година.
Планирано е синергија да се постигне со заеднички услуги за повеќе агенции или со спојување на оние чии работи се преклопуваат или оние кои би биле поефикасни во работата ако би се вклучиле во некоја поголема структура.
Спојувања се можни кај агенциите кои се задолжени за вработувања – Европската фондација за инапредување на условите за живот и работа (седиште во Даблин), Европската агенција за безбедност и здравје при работа (Билбао), Европската фондација за обука (Торино) и Европскиот центар за стручно оспособување (Солун).
До спојување би можело да дојде и кај агенциите кои се фокусирани на човекови права – Агенција за основни права (седиште во Виена), Европскиот институт за полова рамноправност (Вилнус) и Европската служба за поддршка на азиланти (Валета).