ЕУ со уште 1,8 милијарди евра помош за Украина

Од:

Европската комисија денеска предложи дополнителни 1,8 милијарди евра макрофинансиската помош за Украина, јави дописникот на МИА од Брисел.

Со цел да и помогне на земјата што е тешко погодена од длабоката рецесија и конфликтот во источниот дел, Комисијата ја предложи нова макрофинансиска помош со среднорочен кредит од речиси две милијарди евра.

Оваа нова програма, која треба да биде одобрена од страна на Европскиот парламент и на Советот на министри на ЕУ, има за цел економски и финансиски да и помогне на Украина во услови на критичните предизвици со кои се соочува земјата, како што се слабиот платен биланс и фискалната ситуација. Намерата е, како што информира Европската комисија, да им се помогне и на новите владини реформи ориентирани кон зајакнување на земјата во однос на економските и политички предизвици. Оваа помош, според официјален Брисел, ќе биде поврзана со одредени реформски активности.

– Украина не е сама и Европа стои обединето зад земјата и реформската агенда на новата влада. Нашите акции зборуваат погласно од нашите зборови. Европската Унија обезбедува голема финансиска поддршка и денешниот предлог го докажува тоа. Ние сме подготвени да продолжиме со обезбедувањето на поддршка и ова е европска солидарност на дело. Како и секогаш, солидарноста оди рака под рака со посветеност кон реформите, кои се итно потребни во Украина и ние сакаме да и помогне на украинската Влада да ја стави својата реформска агенда во пракса и таа да предизвика вистинска промена во земјата и кај нејзиниот народ. истакна претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.

Откако оваа одлука ќе биде и официјално потврдена 0од Европарламентот и Советот, што е предуслов за исплата, тоа ќе биде успешно продолжување на тековната програма на ММФ за Украина и спроведување на нејзините економски и финансиски политики.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми