Европската унија одобри пола милијарда евра макроекономска помош за Украина, за да се стабилизира економската состојба во таа држави, соопшти денеска Европската комисија.
Оваа транша на украинската влада треба да и биде на располагање од 17-ти јуни.
На Украина и се заканува банкрот поради распространетата корупција, надворешните долгови и вооружени судири на југоисток на државата.
Е. Г.