Европската унија денеска упати критики до Унгарија заради тоа што не вратила на работни места судии и обвинители кои ги примора да одат во предвремена пензија, кршејќи со тоа прописи од ЕУ.
Комесарот за правда Вивиен Рединг изјави дека Унгарија презела мерки за поништување на закон за присилно предвремено пензионирање на судии обвинители, но и дека се уште не ги вратила на своите работни места.
Рединг рече дека со оглед дека унгарскиот закон во ноември беше оценет дека не е во согласност со прописи на ЕУ, од Будимпешта е побарано „брзо и во целост да воведе ред во судството“. Унијата минатата недела исто така упати апел до таа држава дека се сериозно загрижени за минатомесечните уставни промени преземени од Будимпешта.