ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина

Од:

Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.

Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина.

На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на инвазијата што Русија ја започна на крајот на февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва не знае како Трамп ќе ја реши кризата во Украина

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија