ЕУ отвора свои мисии во Мијанмар и во ОАЕ

Од:

Европската комисија соопшти дека ќе биде извршена промена во претставништвата за заедницата во светот. Тоа ќе биде реализирано по одлука на Кетрин Ештон, висок претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика.

ЕУ ќе отвори претставништва во Мијанмар и Обединетите Арапски Емирати, но ќе ја затвори мисијата во Суринам. Со тоа, вкупниот број не делегации на ЕУ во светот ќе биде 141, се вели во соопштение, јави БТА.

Ештон наведува дека отворањето на мисијата во Мијанмар е поради промените во државата од 2011 година досега. За ОАЕ наведува дека тоа е израз на важноста што се придава на односите со држави од Заливот.

По повод затворањето на мисијата во Суринам, се вели дека билатералните врски ќе продолжат врз основа на работата на шефот на делегацијата во Гвајана.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина