ЕУ: Нема датум за следните преговори за иранската нуклеарна програма

Од:

Европската унија соопшти дека не е одреден датум за следните преговори за иранската нуклеарна програма, но изрази надеж дека тие ќе почнат набрзо.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, Мајкл Ман реагираше на изјавата на главниот ирански преговарач Саид Џалили, кој претходно денеска објави дека неговата земја се согласила да почне преговори во јануари со шестте големи сили САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Кина, претставени од ЕУ, во однос на нуклеарната програма.

Ман потврди дека Иран прифатил преговорите да се одржат во јануари, но нагласи дека датумот и местото се уште треба да продолжат.

Меѓународните сили не успеаја да остварат напредок во трите круга преговори од април досега. Сепак, ниту една од страните не сака да ги прекине преговорите, поради стравувањата дека тоа може да доведе до војна.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа