Европската комисија соопшти дека обезбедила 82 милиони евра итна хуманитарна помош за Јужен Судан, каде на половина од населението му се заканува смрт поради глад.
ЕК смета дека 4,9 милиони лица во земјата имаат потреба од итна помош за да преживеат, оценувајќи ја состојбата во Јужен Судан како трагедија, целосно предизвикана од човечки дејствувања. Комисијата ги повика спротивставените страни да ги прекинат судирите и да им обезбедат целосен пристап на хуманитарните работници.
Од 2013 година досега ЕУ испратила 381 милион евра за Јужен Судан.