ЕУ: Јуриш на фактите

Од:

РТС – Белград

Најголемиот простор во медиумските осврти на последните настани, добија описите за „беспомошноста” на Унијата. Во коментарите се тврди дека Унијата е „беспомошна” кон Русија, кон состојбата во Сирија, затекната од непредвидливите политички трендови во САД и Турција, како и од јакнењето на домашните популисти.

Едно прашање притоа се избегнува: Дали Унијата навистина е беспомошна или само премногу емотивно се внесува во проблемите кои реално ја надминуваат нејзината сила?

Ако само ги слушаат и читаат изјавите на заедничкиот политички врв, Европјците никогаш нема да го дознаат одговорот на тоа прашање. Главно поради тоа што од горе им се сугерира дека тоа прашање е дефетистичко. Бидејќи, Унијата може се, освен што е беспомошна.

Како на ЕУ ништо да не и е вредно, ако не зграби кон ѕвездите! Комично е само тоа дека вселенската политика на ЕУ многу добро функционира: „Розета” ги пресретнува кометите, „Галилео” од првиот ден е во функција.

Секако, ако ЕУ сега би објавила дека отвоара колонија на Марс, повторно би се сретнала со сопствената беспомошност, но тоа е исклучено бидејќи во таа област Унијата е реалистичка и не загризува повеќе од што може да голтне.

Ѕвездите не се проблем, ЕУ се мачи тука на Земјата. Заплетот како да навлезе од некој филм на Вуди Ален: Тоа што може да се направи лесно, не ја интересира Унијата, тоа што објективно не може, тоа ја фрустрира.

Колку е ЕУ беспомошна?

Кулминацијата на „беспомошноста” на Унијата коментаторите ја гледаат во развојот на состојбата во Сирија.

Од Унијата се очекуваше дека таа ќе ја реши војната во Сирија без големи страдања на цивилното население.

Не е непознато ни кој негуваше такви очекувања или целосно нереално ја постави таа цел – пред се самиот врв на Унијата, со силен ветер во грбот од страна на европската политичко-медиумска класа.

ЕУ досега не беше во состојба да делува како стабилизирачки фактор ниту во една арапска земја која минуваше низ политичката „пролет”, еднакво како што не беше во состојба во Ирак или Авганистан во постинтервентната фаза да воспостави демократија. Објективно, за ЕУ ќе беше доволно на време да поставеше разумна дијагноза: целиот Блиски Исток гори, сунитите и шиитите влегуваат во финална меѓусебна пресметка и во муслиманскиот свет паралелно течат политичка и општествена револуција со тенденции за глобално прелевање.

Логистички, дипломатски, воено, стратешки, Европа е тука во слична состојба во која беше во 1939 година, единствено што сега тоа не е нејзина „светска” војна, туку туѓа.

Пораката на историјата е јасна: или како и тогаш ќе се обединат сите расположливи ресурси и активно ќе влезат во нејзино решавање, или со шифрата на Себастијан Курц ќе се обиде да ја спречи на своите граници.

Но, таквата состојба ќе подразбира јасна цел и единствен дипломатски блок, со САД, Русија, Кина, плус државите кои формално се уште се секуларни, како Турција, или покажуваат потенцијал тоа да станат, како Иран.

Но, тоа не може, затоа што тогаш таа состојба би „одела на рака на Путин”, како што тврдат речиси сите медиуми на германското и англиското говорно подрачје.

Затоа на политичките и медиумските елити на Унијата полесно им е да ја признаат сопствената беспомошност и да ја оплакуваат тажната судбина на сириското цивилно население, отколку да ја прескокнат сопствената сенка.

Европската „меа кулпа” мантра над трагедијата на Алепо, дегутантното самопрогласување на владите на Унијата за неспособни треба да се види како линија на помал отпор. Да се договорат со Москва, тоа за неа би било многу потешко.

Студена војна? Уште полошо, студена омраза!

Колку пред насилниот потенцијал на религиозната и културна војна внатре во муслиманскиот свет, секој за себе е „беспомошен”, добро покажува примерот на руската интервенција во Алепо.

На сите ќе им беше полесно, тоа што го сакаа Русите да го направеа побрзо, опструкциите од Западот да им пречеа помалку или сирискиот Асад да беше човек повреден за помош од што навистина е.

Меѓутоа, сето тоа само докажува на каква радикална линија на разграничување, овој момент минува општеството.

Во игра е ништо помалку од целосно ново читање на историјата, дека крвавите војни и револуциите на 21. век ќе имаат таква формативна сила на утрешниот муслимански свет, како што тие од 20. век ја имаа за денешната Европа.

Таа паралела боли бидејќи нам во Европа ни ја одзеде универзалната интерпретација на историјата.

Тоа што Унијата повеќе ја боли од солзите на децата во Алепо е фактот дека Путин, па дури и Трамп, на кого неговиот сопствен биограф му дијагностицира потешкотии во концентрацијата, тоа побрзо го сфатија од Берлин, Париз и Брисел.

И тоа е еден многу опасен аспект, кој стана очигледен на завршниот самит на Унијата за оваа година.

Во текстот под името „Студена војна”, германскиот „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ констатира: „ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за шест месеци. Точните причини повеќе никој не ги знае. Санкциите до сега на германското стопанство му нанесоа штета во висина од 17 милијарди евра”.

Кога причините повеќе никој не ги знае, тоа значи дека сме се простиле со рационалноста и сме преминале на теренот на емоциите, а таму се е можно и ништо не е исклучено.

Желба за згодна можност

„Шпигл“ објави топ 10 листа на цитати од последниот Самиот на ЕУ во Брисел. На прво место е францускиот претседател Оланд со следната изјава за Алепо: „Може да се уништи град, но не и желбата. Желбата за политичко решение останува”.

Кога добро ќе се размисли, тој цитат е збунувачки. За што разговарал цел ден врвот на врвовите на Европската унија, првиот ешалон на континенталната егзекутивна бранша, елитата на европската политика? За своите чувства, желби и стремежи? За тоа дека, како што гласи тој цитат кај психијатар од 500 долари по час од холивудските филмови, дека се „многу лути” на Путин?

Каква драмска перипетија, каков сценски пресврт! Додека публиката надвор веруваше дека тука се врти висока политика за можното, учесниците на Самитот меѓусебно се жалеа еден на друг дека рускиот претседател ги повредил нивните чувства, оставајќи ми ја единствено желбата за политичко решение.

Моментниот тренд најдобро може да се објасни преку вербално градената структура во која се развиваат односите на Западот со Русија во последните две децении.

За појдовна точка се зема моментот кога Русија во Советот за безбедност на ОН гласаше за санкциите против Србија, настан кој во европското сметање на времето може да се гледа како формален момент (почеток и крај) на униполарноста на светската дипломатија.

Од тој момент, западните емоции кон Русија беа емоции за потсмев (пијаниот Елцин се ниша од авионот, Клинтон го чека на аеродром): додека дел од политиката запишан во формалните документи беше главно од рационално промислена природа. Накусо, се внимаваше на зборовите.

Во понатамошниот развој карактерот на таа структура се менува, емотивниот дел расте, потсмевањето се намалува, други негативни емоции се зголемуваат, но истовремено… и тука е главниот проблем и рационалното размислување е се помало, а не кој на кого се смее и поради што.

Од воведувањето на санкциите кон Русија во почетокот на 2014 година во таа структура практично не остана повеќе ништо од рационалното, таа сега е темелно детерминирана со негативни емоции на гнев и бес.

„Структурата” на западните односи со Русија звучи теоретски повеќе од што всушност е. Секој читател кога некој од родителите го истепал во детството и попатно, понижувањето да биде целосно уште и додал „мене тоа повеќе ме боли од тебе”, ќе сфати од кои приватни емоции се храни изјавата на политичарката Меркел дека „не и е лесно што на Москва и воведува т.е. и ги продолжува санкциите” или „лично многу ме боли таквото решение”.

И сега влеговме во нова, свечена фаза: по потсмевањата, фрустрациите, гневот и бесот, Унијата зачекори на терен на стремежи, соништа, надежи и желби.

Најголемиот дел на Самитот на ЕУ (Сирија, санкциите, Украина, безбедносната политика) беше посветен на односите со Русија, пишува австрискиот „Пресе“ и заклучува: „Од надежите во европско-руското пријателство се простивме, наместо тоа доминира загриженоста поради ширењето на руското влијание”.

Кога под искрено доживеаната болка на политичкиот врв во Брисел ќе се подвлече божиќна линија, остануваат следните рационално факти: Ние, Унијата, мислиме дека Москва во Сирија и Украина води политика на моќ и стратешки позиции. Ние, Унијата, во Сирија и Украина исто така водиме политика на моќ и стратешки позиции, т.е. ќе ја водевме ако не се прогласевме за беспомошни.

Меѓусебен договор не доаѓа предвид, затоа што се простивме од надежта во европско-руското пријателство. Чиј стремеж е посилен, а градовите послаби?

Како што стојат работите, за сегашните дефинициски сили во Унијата нема среќа додека новата американска администрација не им ја исполни желбата за понатамошно заострување на односите со Русија, или барем да вети поддршка за истиот степен на непријателство.

Тука може да се биде циничен, како на пример „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ кога се прашува „дали канцеларката Меркел контактирала некого од новата американска администрација, пред да и ги продолжи санкциите на Москва? Колку што знаеме, тоа не се случило”.

Трамп може и да им ја исполни таа желба. Навистина, за сега не изгледа така, но тој повеќе не е приватен претприемач.

Како шеф на американската државна егзекутива тој влегува во еден историски тесно скроен политички корсет на американско-руските односи, кој се стега и притегнува веќе речиси 70 години.

Која е воопшто улогата на поединецот во големите историски настани? Мала, пишуваше Ленин.

Голема, би рекол Наполеон. Ако поединецот не појде на Москва.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он