ЕУ го замрзнува одобрувањето на генетски модифицираните посеви до 2014 година

Од:

Комисијата на ЕУ одлучи да го замрзне процесот на одобрување на генетски модифицираните прехранбени посеви до крајот на својот мандат во 2014 година, а во меѓувреме ќе работи на склучување договор за ова прашање со државите членки на Унијата.

– Ако сакаше, Комисијата можеше да започне процедура за одобрување на одгледување еден вид генетски модифицирана соја и шест вида генетски модифицирана пченка, но тоа нема да го направи, изјави Фредерик Венсан, портпарол на еврокомесарот за здравство Тони Борг.

Венсан истакна дека приоритет на Борг му е обновување на преговорите со земјите членки.

Осум земји – Австрија, Бугарија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Луксембург и Полска, се определиле да забранат одгледување на генетски модифицирани култури на своја територија.

За 14 години ЕУ има одобрено одгледување само на два генетски изменети посеви наменети за човечка исхрана – компирот „амфлора“, кој го разви германскиот БАСФ, и пченката „МОН 810“ на американскиот биотехнолошки гигант „Монсант“.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина