ЕУ ги продлжи санкциите врз Сирија

Од:

Министрите за трговија на земјите-членки на Европската унија вчера ги продолжија санкциите врз Сирија на три месеци, иако се очекуваше тие да бидат продолжени на една година.

Санкциите на ЕУ кон Сирија предвидуваат визни забрани и замрзнување на средствата на 181 лице и 54 институции и претпријатија поврзани со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

ЕУ досега има донесено 19 одвоени одлуки со кои се санкционира сириската власт, меѓу кои и ембаргото за увоз на оружје во Сирија и спречување на извоз на сириска нафта и нафтени деривати.

Франција, која е силен поддржувач на сириската опозиција повика на укинување на забраната за увоз на оружје наменето за бунтовниците, но предлогот беше одбиен.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад