Етингер: Помошта за Грција е ситница во споредба со потребите на Украина

Од:

Спасувачката помош, доставена на Грција, е ситница во споредба со потребите на Украина, која западна во длабока економска и политичка криза, изјави вчера еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер.

– Доколку сакаме да и помогнеме на Украина, земја со население од 45 милиони лица, Грција е едноставно ситница во споредба со тоа, рече Етингер за време на посетата на Словачка, откако Русија ги стопираше доставките на гас за Украина.

Еврокомесарот за енергетика предупреди дека помошта за поранешната советска република не може да биде обезбедена за само едно лето.

– Тука станува збор за помош во износ од милијарди, со учество на нашите даночни обврзници и избирачи, на Европската комисија, САД, Канада и Меѓународниот монетарен фонд, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми