Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска ја потврди поддршката на Унијата за автохтоните народи и унапредувањето на нивната положба во светот.
– ЕУ покажува почит кон огромниот придонес за традицијата и знаењето што автохтоните народи го даваат на светското културно наследство, истакна Ештон по повод Светскиот ден на автохтоните народи.
Таа со жалење констаира дека во целиот свет се присутни дискриминација и нееднаков третман на автохтоните народ. Според податоци на Обединетите нации денеска во светот живеат околу 300 милиони припадници на автохтони народи.