Еротски роман го надмина „Хари Потер“

Од:

Еротскиот роман на Е.Л. Џејмс „Fifty shades of grey” (50 нијанси на сиво) стана најпродаваната книга во светот.

Главните јунаци на приказната од романот се Kристијан Греј, манипулативен милијардер кој со младата невина студентка Анастасија склучува договор да му биде негов садо-мазо партнер.

Романот во Британија ги сруши рекордите на „Хари Потер“ и „Кодот на Да Винчи“ и стана најбрзо продаваната книга воопшто.

Ерика Мичел, која се крие зад псевдонимот Е.Л. Џејмс, воодушеви со фактот дека нејзината книга е на врвот на бестселер-листите во Велика Британија во повеќе од девет недели.

Книгата веќе ја надмина бројката од 10 милиони копии низ целиот свет, а Холивуд, во свој стил, подготвува филмска адаптација.

Се уште не се знае дали оскаровката Анџелина Џоли ќе се занимава со режирање на еротски трилер, иако нејзнината ПР-агентка ги негираше овие претпоставки.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ