Ерменците се предадоа по 24 часа војна

Од:

Етничките Ерменци во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах денеска се согласија на рускиот предлог за прекин на огнот, 24 часа откако Азербејџан започна офанзива за да ја врати контролата врз енклавата во која загинаа десетици, а стотици беа повредени.

Ерменските сепаратистички сили во Карабах рекоа дека Азербејџан ги прекршил нивните линии и запленил бројни високи и стратешки патни јазли додека светот стоел на страна и не преземал ништо. Самопрогласената „Република Артсак“ соопшти дека во такви околности нема друг избор освен да ги прекине непријателствата.

„Властите на Република Артсак го прифаќаат предлогот на командата на рускиот мировен контингент за прекин на огнот“, се вели во соопштението.

Со посредство на командата на рускиот мировен контингент стациониран во Нагорно-Карабах, постигнат е договор за целосен прекин на воените дејствија од 13 часот на 20 септември 2023 година.

Азербејџан потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот. Руските мировни сили му го пренесоа на Азербејџан апелот на Ерменците од Карабах за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Горан Наумовски