Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во среда ќе се сретне со организаторите на протестите во земјата, пренесоа светските агенции, повикувајќи се неговиот заменик Булент Аранч.
Аранч на крајот на денешната седница на владата соопшти дека целта на средбата ќе биде да се направи обид за прекинување на демонстрациите.
Во исто време тој предупреди дека турските власти на „нелегалните организации“ нема да им дозволат да продолжат со немирите и да предизвикуваат натамошни штети.
Првичната цел на протестите беше да се запре разурнувањето на парк во Истанбул, но потоа тие прераснаа во движење против владеењето на исламистичката Партија на правдата и развојот.
Демонстрациите веќе повеќе од една недела ја потресуваат Турција.