Ердоган: Во следните денови ќе почне извозот на жито преку Црно Море

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во наредните денови ќе почне извозот на жито преку Црното Море.

-Со почетокот на транспортот на жито по морскиот пат во наредните денови, ќе дадеме важен придонес во надминувањето на светската криза со храна, рече Ердоган, пренесе телевизијата ТРТ.

Турскиот претседател додаде дека Анкара ќе продолжи да прави напори за решавање на кризата во Украина по дипломатски пат, пренесе Тасс.

-Ние сме решени да продолжиме со дипломатските напори додека не биде гарантиран мирот меѓу Русија и Украина. Се надеваме дека во блиска иднина ќе добиеме охрабрувачки вести за време на преговорите и контактите на сите нивоа, вклучително и меѓу лидерите, рече Ердоган.

Русија и Украина, заедно со Турција и ОН, вчера во Истанбул потпишаа договор за рестартирање на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа