Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во следните 24 часа властите ќе го расчистат истанбулскиот плоштад Таксим од „немирите“.
Предупредувањето доаѓа за помалку од еден ден откако происламската партија на Ердоган, Партијата на правдата и развојот, предложи план за одржување референдум за проектот за реконструкција на паркот Гези, кој се наоѓа до плоштадот Таксим, што доведе до масовни протести.
Според турските медиуми, премиерот веќе му издал наредба на Министерството за внатрешни работи „во рок од 24 часа да им биде ставен крај на дејствијата на провокаторите кои се судруваат со полицијата“.
Пред градоначалниците од својата партија, Ердоган денеска изјави дека нема да ја прифати резолуцијата на Европскиот парламент за случувањата во Турција.