Ердоган: Народот ни ја даде довербата, протестите веднаш да престанат

Од:

Народот е оној кој ни ја даде довербата, и само тој може да ни ја одземе. Никој, освен на избирачка кутија, не може да се обиде да ни го одземе аманетот, порача турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на меѓународниот ародром „Ататурк“ во Истанбул, каде рано изутринава им се обрати на насобраните симпатизери и граѓани на Турција.

Тој ги поздрави сите граѓани на Истанбул и Турција, како и „братските градови“ Сараево, Багдад, Бејрут, Рамала и други.

Во својот говор, Ердоган истакна дека турските власти немаат работа со вандализмот, караниците, тепачките и грдите настапи.

– Протестите, кои наводно започнаа поради помалку од 15 дрвја, оставија три смртни случаи зад себе. Две наши момчиња загинаа, како и еден полицаец. За мене смртта на мојот полицаец е важна колку и смртта на момчињата. Чија е полицијата и каква должност има? Полицијата работи за да ги чува нашите животи. Понекогаш тоа е борба против тероризмот, понекогаш против анархијата, а понекогаш против вандализмот. Секако дека тоа нема некому да му одговара. Тие велат полицијата да се повлече. Што ќе се случи тогаш? Ова не е никаква попатна станица, ова е Република Турција, истакна Ердоган.

Турскиот премиер нагласи дека протестите кои го загубиле демократскиот пристап и кои се претвориле во вандализам и незаконски акции, треба веднаш да престанат.

– Нашата полиција ја изврши својата должност и кон секого се однесуваше еднакво, па така и кон оние кои ги напаѓаа граѓаните, јавните институции, приватните и службените возила.

Можно е некогаш да употребиле прекумерна сила. Претходно кажав дека им дадовме потребни упатства. Министерството за внатрешни работи ја следеше работата на полицијата.

Но никој нема право да не напаѓа преку вакви работи, додаде Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски