Ердоган и Ахмадинеџад зад заворени врати разговараа за Сирија

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во Баку се сретна со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иако состанокот се одвивал зад затворени врати, според некои информации, двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Сирија.

Ердоган и Ахмадинеџад се во Баку за да учествуваат на 12-та средба на врвот на регионалната Организација за економска соработка.

Кризата во Сирија предизвика напнатост меѓу Турција и Иран. Турција ги засили критиките кон режимот на сирискиот претседател Башар Асад, а Иран е сојузник на Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад