До крајот на оваа или почетокот на следната недела може да се оддржат преговори со курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Тој посочи дека двочлена или тричлена делегација ќе го посети Оџалан на островот Имрали, каде лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) ја издржува доживотната затворска казна.
Турската влада на крајот на минатата година соопшти дека разузнавачката агенција- МИТ преговара со Оџалан со цел тој да ја убеди ПКК да го остави оружјето.
На почетокот на годината пратеничката на прокурдската Партија за мир и демократија (ПМД) Ајла Акат и независниот пратеник Ахмет Турк го посетија Оџалан на островот Имрали.
Во меѓувреме, актуелниот шеф на ПКК Мурат Карајлан изјави дека контактите со Оџалан се доволни за решавање на курдското прашање.
-Апо (името со кое нагалено го викаат Абдула Оџалан) не претставува и тоа е доволно. Неопходно е, меѓутоа, да се создадат услови за да можеме и ние да оддржуваме врска со него, рече Карајлан, цитиран од агенцијата Ферат, која е поврзана со ПКК.