Ентони: Индиски и кинески претставници разговараат за надминуваењe на спорот со границата

Од:

Индискиот министер за одбрана А.К. Ентони денеска изјави дека претставници на Индија и на Кина разговараат за надминување на проблемот со навлегувањето на кинеските војници на индиска територија.

– Преговорите и консултациите се одвиваат на различни нивоа за да се изнајде мирољубиво решение за кинеските упади, посочи Ентони.

Официјален Њу Делхи соопшти дека на 15 април вод кинески војници влегле на индиска територија. Околу 50 кинески војници поставиле шатори во ненеселениот дел на регионот Ладак во источен Кашмир на Хималаите.

Шефот на индиската дипломатија Салман Куршхид на деветти мај ќе отпатува за Пекинг, додека кинескиот премиер Ли Кечинга предвидено е на 20 мај да ја посети Индија.

Индија ја повика Кина да ги повлече војниците, но Пекинг негираше дека кинески војници навлагле на индиска територија.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати