Ендрју Куомо: Трамп засега нема да испраќа федерални сили во Њујорк

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп засега нема да испраќа федерални сили во Еујорк, затоа што градот се справува со зголемениот криминал. Тоа го изјави гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо.

– Претседателот и јас имавме добар разговор. Тој рече дека нема да испраќа сили во Њујорк, нагласи Куомо.

Гувернерот појасни дека не е јасно од зборовите на претседателот дали ова е неговата конечна одлука. Сепак, тој додаде дека „ќе разговара за тоа пред да се стори нешто“.

Трамп се закани оваа недела дека ќе испрати федерални сили за за птита на редот во неколку американски градови. Претседателот во вторникот изјави дека ќе испрати такви сили во Чикаго за да им помогнат на локалните полициски сили за апсење криминалци во градот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп