Еквадорски нарко-бос уапсен во Шпанија – одговорен е за смртта на повеќе од 400 луѓе

Од:

Еден од најбараните еквадорски нарко-босови, кој ја лажираше сопствената смрт и избега во Шпанија, е уапсен во Малага, потврди еквадорскиот претседател.

Вилмер Чаварија попознат како „Пипо“, водач на озлогласената банда Лос Лобос, беше уапсен вчера во заедничка операција на еквадорската и шпанската полиција, пишува Скај њуз.

Според претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, во 2021 година, Чаварија ја искористи пандемијата на коронавирусот за да ја лажира сопствената смрт.

После тоа, тој стекна нов идентитет и се пресели во Шпанија. Тој продолжи да ја води својата криминална империја од Европа, координираше испораки на дрога, нарачуваше убиства и управуваше со рекетирањето на рудници за злато во Еквадор, додаде претседателот.

Претседателот Нобоа, исто така, објави на социјалните мрежи, велејќи дека Чаварија „се криеше во Европа додека нарачуваше убиства во Еквадор“.

Министерот за внатрешни работи Џон Рајмберг изјави дека Чаварија е одговорен за најмалку 400 смртни случаи и дека управуваше со криминални операции дури и од затвор, каде што престојуваше помеѓу 2011 и 2019 година.

Бандата Лос Лобос, која има околу 8.000 членови, неодамна беше прогласена за терористичка организација од страна на американските власти.

Групата е поврзана со политички атентати во Еквадор, а тие се обвинети и за тесна соработка со мексиканскиот картел „Халиско Нова генерација“.

Би можело да ве интересира

Уапсен кинески нарко бос – еден од најбараните бегалци во светот

А1он

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

Жесток конфликт меѓу Колумбија и Еквадор: „Се депортираат граѓани без формален протокол“

ВИДЕО: Уапсен најбаранот нарокобос во Еквадор

Толпа извлече Британец од полициска станица во Еквадор и го запали

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија, си направил нов македонски идентитет