Екстремнодесничарскиот австриски лидер го спореди превратот во Турција со палењето на Рајхстагот

Од:

 Неуспешниот обид за преврат во Турција и последователните чистки спроведени од претседателот Реџеп Таип Ердоган во државните институции потсетуваат на пожарот во Рајхстагот во нацистичка Германија и како потоа Хитлер тоа го употреби за да акумулира поголема моќ, изјави шефот на десничарската Австриска партија на слободата Хајнц-Кристијан Штрахе.

Пожарот во зградата на германскиот парламент во 1933 година беше опишан од нацистите како комунистички заговор против владата и беше користен за намалување на граѓанските слободи и зајакнување на власта на Адолф Хитлер.

Хајнц-Кристијан Штрахе изјави дека гледа сличности со начинот на кој Ердоган го користи обидот за преврат на 15 јули за пресметка со противниците во армијата, државните служби, академската заедница и медиумите.

– Човек речиси добива впечаток дека тоа беше управуван пуч, кој на крајот ќе ја направи можна претседателска диктатура на Ердоган, вели Штрахе во интервју за весникот „Пресе“.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски