Експлозија во Дамаск, седум загинати

Од:

Седум лица загинаа, а голем број се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во еден од централните квартови на Дамаск, кој е главно населен со христијани, соопштија безбедностите сили.

Нападот на плоштадот Баб Тума е првиот кој е извршен во овој кварт, кој се наоѓа во историскиот центар на главниот град на Сирија.

На местото на инцидентот биле испратени медицинска возила, а реонот е блокиран. Од експлозијата неколку возила се целосно изгорени.

Утринава во Дамаск е одржана средба меѓу шефот на државата Башар ал Асад и меѓународниот посредник за Сирија Лахдар Брахими, кој побара прекин на огнот во оваа земја за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам што се прославува следната недела.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад