Експлозија во центарот на Москва, четири лица повредени

Од:

Најмалку четири лица се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во Москва. Како причина за експлозијата се посочува истекување на гас.

Во зграда во дистриктот Кутузовски, во која живеат и соработници на американската амбасада во Русија, одекна експлозија и избувна пожар, јави Гласот на Русија.

Според првичните податоци повредени се најмалку четири лица, меѓу кои и една Американка, која е пренесена во болница со 80 отсто изгореници на телото.

Од зградата се евакуирани десетина луѓе, а спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините. Како причина за несреќата се посочува експлозија на гас за домашна употреба.

Би можело да ве интересира

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина

Безбедносните сили на Русија спречија масовен терористички напад во Москва

Горан Наумовски

Во Москва е убиен важен човек за руската армија