Експлозии во Индија, загинаа најмалку 20 лица

Од:

Најмалку 20 луѓе загинаа денеска, а повеќе од 50 беа повредени во три силни експлозии во Хајдерабад, град во јужниот дел на Индија, соопшти полицијата, истакнувајќи дека станува збор за терористички напади.

316051_indija-eksplozija-4ap_ff

Премиерот на Индија Манмоан Синг во оваа прилика и се обрати на јавноста и побара виновниците за овој “предавнички чин” да бидат казнети.

316052_indija-eksplozija-5ap_ff

Експлозиите, како што пренесе Асошиетед прес повикувајќи се на полициски извори, одекнале пред кино сала, на автобуска станица во близина на пазар и во мал ресторан во распон од 10 минути.

Претходниот поголем бомбашки напад во Индија беше извршен во септември 2011 година, кога во експлозија во Њу Делхи загинаа 13 луѓе.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати