Ексцентричниот милијардер кандидат за претседател на Грузија: Живее во куќа од стакло, има зоолошка градина и свое село

Од:

Еден од кандидатите за претседател на Грузија, Биџина Иванишвили (56), со богатство од 6,4 милијарди долари е еден од најбогатите луѓе на планетата.

Живее во куќа од челик и стакло во стилот на Џемс Бонд, има приватна зоолошка градина со пингвини, лемури и зебра, голема колекција на оригинални уметнички дела од најголеми мајстори, има сопствено село во западниот дел на Грузија. Единственото нешто што се уште нема е власта. Барем засега.

Во октомври 2011 година. Овој грузиски милијардер кој го заработил своето богатство во 1990-тите години во Русија (банкарство, фармацевтска индустрија, недвижнини) и се уште е сопственик на значителен дел на “Газпром”, драматично и неочекувано влезе во политиката, предизвикувајќи го претседателот Саакашвили и почна кампања која стана се повалкана и полична.

Иванишвили тврди дека Саакашвили – дојде на власт во 2003 година, во т.н. “Револуција на розите”, во меѓувреме еволуираше во диктатор, а Грузијците на клучните парламентарни избори,  бираат меѓу владеачката партија на Саакашвили и анти-владината коалиција на Иванишвили “Грузиски сон”.

Иванишвили тврди дека во политика го принудило деспотското однесување на Саакашвили и фактот дека овој ја “купил” дотогашната грузиска опозиција, поради што беше принуден да формира нова. Од тогаш, како што тврди во интервјуата што ги даде во неделата за голем број на истакнати меѓународни весници, вклучувајќи го и британски “Гардијан”, беше изложен на постојани прогони.

Саакашвили му го зеде грузиското државјанство, неколку од неговите активисти беа уапсени, а тврди дека му бил загрозен и животот.
И покрај сето ова, неговата политика однадвор гледано не се разликува многу од политиката на Саакашвили.

Двајцата ветуваат големи инвестиции во земјоделството, образованието, здравството и социјалната политика, но Иванишвили посебен акцент става на отворање нови работни места. На сиромашните и невработени Грузијци, овие програми им се чинат привлечни, но странските набљудувачи сметаат дека не се претерано остварливи, и веруваат дека меѓу двата ривали најнапред е борбата за власт и утврдување на сопствената позиција на моќ.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он