Екипа на ОБСЕ и Пономаров ќе разговараат за ослободување на заложниците во Славјанск

Од:

Преговарачка екипа на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пристигна во Славјанск за да преговара за ослободување на заложниците.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека же се сретне со преговарачкиот тим на ОБСЕ.

Претходно, еден од меѓународните набљудувачи, кои беа киднапирани од проруски сепаратисти во Славјанск на денешната прес-конференција изјави  дека сите во групата се во добра здравствена состојба.

На прес-конференцијата, организирана од сепаратистите, членот на набљудувачката мисија, германскиот полковник Аксел Шнајдер изјави дека „никој не го допрел“ и оти немало физичко малтретирање врз групата набљудувачи.

Следејќи го Пономаров на прес-конференцијата осуммината набљудувачи, кои беа киднапирани во петокот од проруските сепаратисти, беа облечени во цивилна облека и влегоа во салата во која им беа претставени на околу 60 новинари.

Самопрогласениот градоначалник Пономаров претходно изјави дека набљудувачите на ОБСЕ се воени заробеници и додаде дека еден од 13-те заробени лица, возачот на групата, бил ослободен.

Заробени останале осум европски државјани и четворица украински војници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми