ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

Од:

Европската Комисија денеска го усвои документот за реформи пред проширувањето и преглед на политиките, во кој се наведува дека проширувањето е во стратешки интерес на самата ЕУ и се наведува дека процесот на проширување треба да биде вклучен во дизајнот на следната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ.

Во документот, кој треба да придонесе за тековниот процес на дискусија за внатрешните реформи што ЕУ мора да ги спроведе за да се подготви за проширувањето, се бара од земјите од проширувањето да се усогласат со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се вели дека проширената ЕУ треба да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови.

Се посочува дека постепената интеграција стана важен елемент во подготовката на земјите за проширување долго пред пристапувањето, а исто така се предлага преминување од едногласно кон мнозинско одлучување во рамките на ЕУ во некои клучни области, вклучително и проширувањето, со одредени гаранции дека ќе ги заштити „стратешките национални“ интереси на земјите-членки.

Би можело да ве интересира

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски