ЕК ќе го блокира спојувањето на подружници на „Сименс“ и „Алстом“

Од:

Европската комисија ќе донесе одлука за блокирање на планираното спојување на подружниците за производство на шински возила на германскиот гигнат „Сименс“ и на француската компанија „Алстом“, јави ДПА, повикувакќи се на извори во Брисел.

Двете компании сметаат дека спојувањето ќе им овозможи поголема конкурентност со странските ривали, како што е кинескиот ЦРЦЦ, чиј годишен промет е двојно поголем од оној што би го имала фирмата што би настанала со спојувањето на подружниците на „Сименс“ и „Алстом“.

Но, според изворите на ДПА, Европската комисија е загрижена дека новата компанија би можел да влијае негативно на конкурентноста во Европа.

„Сакаме силни европски компании што ќе можат да конкурираат на глобалната сцена. Но, ние никогаш, нема да фаворизираме некого кога станува збор за обезбедување еднакви услови за сите“, изјави денеска претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.

Со цел да добијат одобрување за планираното спојување на нивните подружници, „Сименс“ и „Алстом“ понудија да се откажат од околу четири отсто од сопственоста во новата компанија.

 

Би можело да ве интересира

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

Сименс укинува околу 6.000 работни места

А1он

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски