Египет со критика на осудата на Барак Обама за насилството во земјата

Од:

Египетското претседателство ја критикуваше осудата на американскиот претседател Барак Обама на насилството во Египет, пренесоа светските агенции.

„Претседателството стравува дека изјавите што не се потпираат на фактите може да ги поттикнат вооружените групи кои прибегнуваат кон насилство и кои се противат на стабилноста и демократскиот преод“, изјави египетското претседателство во одговорот на изјавата на Обама, кој остро ги осуди крвавите репресии врз приврзениците на соборениот претседател Мухамед Морси, што досега зедоа најмалку 638 жртви, и изјави дека Египет тргнал по опасен пат.

„Претседателството ја оценува загриженоста на САД за тоа што се случува во Египет, но сака темата да биде расчистена. Египет е исправен пред терористички напади врз владини институции и објекти од животно значење. Претседателството жали за загубата на животот на Египѓаните и активно работи на постигнување социјален мир и сигурност“, се наведува во соопштението, објавено од државната агенција Мена.

„Египет ги цени искрените позиции на државите низ светот, но го декларира својот целосен суверенитет и самоопределување“, се наведува во соопштението на египетското претседателство.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина