Едно лице загина, а тројца се ранети денеска во Истанбул во експлозија на пумпа за полнење гас, откако автомобил се удри во неа.
Инцидентот се случил во квартот Фатих. Повредените се одведени во болница.
Во тек е истрага за расветлување на случајот.